Шпанските медиуми во текот на вчерашниот ден пренесуваа дека Кристиано Роналдо сака да го напушти Реал Мадрид.
Португалецот наводно не се чуствува среќен во клубот и сака да замине. Претседателот на Реал, Флорентино Перез не стравува од евентуално заминување на Роналдо, а во случај тоа да се случи веќе има план како ќе надополни неговото отсуство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некои од желбите се Нејмар, Дибала и Хари Кејн звучни имиња кои навистина би било тешко да се доведат. Сепак, „шлагот на тортата“ ги изненади многумина.
Имено, Перез наводно сака да му даде повеќе слобода на Лука Модриќ на средината на теренот и како идеален соиграч на Хрватот го гледа Тиаго Алкантара од Баерн Минхен.
Баерн игра како препороден од кога на кормилото на клубот се врати Хејнкес, но не е познато дали така лесно ќе се откаже од услугите на Алкантара за кого е спремен да плати и до 50 милиони евра.