Дома Фудбал Перез: Зидан е благослов, Куртоа најдобар голман во светот

Перез: Зидан е благослов, Куртоа најдобар голман во светот

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги сподели своите впечатоци за победата во финалето од шпанскиот Суперкуп со Атлетико Мадрид.

Тој го пофали целиот тим, а посебно тренерот Зинедин Зидан на кого ова му беше деветта победа во деветтото финале со „кралевите“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Зидан има многу трофеи и среќни сме поради него, тој исто така има фантастичен однос со Реал Мадрид. Одлучи да се одмори на една година и сега се врати со нова енергија. Зидан ни е како благослов од небото. Игравме без играчи како Азар, Бензема и Бејл, но тој состави тој кој ни донесе победа“, изјави Перез.

Претседателот на Реал посебно го пофали и голманот Тибо Куртоа.

„Ние сме многу среќни. Заслужено го освоивме Супер купот. Морам да му честитам и на Атлетико, тој е достоен противник. Што се однесува до нашиот тим, Куртоа е најдобриот голман на светот“, додаде Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …