Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез му се јавил на бившиот тренер Зинедин Зидан и му предложил на Французинот повторно да седне на кормилото на тимот, пренесуваат шпанските медиуми.
Зидан веднаш дал негативен одговор за враќање во овој момент, но исто така не ја затворил вратата за евентуално враќање на „Сантиаго Бернабеу“ во иднина, а можеби и на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку тоа се случи, клупското раководство ќе му даде на Французинот одврзани раце за реконструкција на тимот, како и бланко чек за нови засилувања во летниот преоден рок.
„Марка“, која е добро информирана за случувањата во Реал Мадрид, исто така тврди дека не траба да се исклучува евентуално враќање на Зидан во „кралскиот“ клуб. Французинот го водеше тимот од 2016 до 2018 година и освои три титули во Лигата на шампиони.
Синоќа клупското раководство на челот со претседателот Перез имало кризен состанок до доцна во ноќта на „Сантиаго Бернабеу“ каде се одлучувало за иднината на Солари, па нема да биде изненадување ако тренерот добие отказ во наредните денови.
Втора опција за „кралевите“ е Жозе Мурињо, кој е отворен да се врати на „Сантиаго Бернабеу“ и ќе добие огромен буџет да состави тим по своја мерка.
? Según Jugones, Florentino habría llamado ya a Zidane
? La misma fuente asegura que Solari podría no ser el entrenador del Madrid el próximo domingohttps://t.co/Y8Mmuf5KKr pic.twitter.com/YK2ZknEAwo— AS (@diarioas) March 6, 2019