„Кралскиот“ клуб е решен да го доведе еден од најдобрите голмани во Премиер лигата. Тибо Куртоа, а според извештаите од медиумите веќе започнале преговорите за трансферот.
Белгиецот веќе подолго време е на радарот на Реал Мадрид бидејќи „кралевите“сакаат голман на кој ќе можат да се потпрат во следните неколку години, а таков профил е Тибо Куртоа.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека „Кралскиот клуб“ го контактирал голманот на Челзи преку неговите застапници со цел да ја проверат неговата заинтересираност да се врати во Мадрид.
Куртоа е сериозно заинтересиран да премине во Реал, бидејќи неговото семејство живее во Мадрид, иако има важечки договор со Челзи до 2019 година.
Флорентино Перез е подготвен да издвои 30 милиони евра за услугите на одлучниот Белгиец, сума која сигурно нема да ги задоволи челниците од „Стенфорд Бриџ“.
Сепак, Реал како силен адут ќе ја има желбата на Куртоа, кој инсистира да се врати во Шпанија и не сака да го продолжи договорот со Челзи.