Tрансфер сагата со Нејмар ќе биде присутна се до крајот на преодниот рок и во тоа нема дилеми – Бразилецот сака да замине, а останува да видиме каде ќе заврши, во Барса или во Реал.
Каталонскиот „Спорт“ пишува дека првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез побарал позајмица од неколку банки за да може да го финансира трансферот и платата на Нејмар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид тоа го направил за во завршните преговори да влезе со банкарски гаранции за клубот од Париз дека покрај фудбалерите на ПСЖ Реал ќе му понуди најмалку 100 милиони евра.
„Спорт“ наведува дека Перез на ваков потег се одлучил поради неуспехот на Реал да се ослободи од „вишокот“ играчи во летниот преоден рок. Реал ова лето на нови играчи потроши 305 милиони евра, додека од продажба на играчи заработи 115 милиони евра.
Без оглед на тоа, Реал добро котира кај банките и се очекува барањето на Перез да му биде одобрено идната недела. Ќе потсетиме преодниот рок завршува на 2-ри септември.