Талентираниот фудбалер на Ајакс, Френки де Јонг наскоро би требало да се пресели на Островот и да ги засили редовите на шампионот во Премиер лигата, Манчестер Сити.
Како што се пишува во медиумите, Манчестер Сити зад себе во трката за 21 годишниот Френк Де Јонг ја оставил Барселона, а како една од клучните причини се наведува желбата на фудбалерот на соработува со Пеп Гвардиола.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Наводно „граѓаните“ ја известиле управата на Ајакс дека се спремни за талентираниот Холанѓанец да издвојат дури 70 милиони евра, плус 20 преку бонуси.
Со ваквиот трансфер Френк би станал најскапиот фудбалер во историјата на Сити со што би го престинал Ријад Марез кој ова лето пристигна на „Етихад“ за сума од 68 милиони евра.
Се наведува и дека покрај тоа што трансферот би можел наскоро да биде договорен фудбалерот во Манчестер Сити би пристигнал следната сезона.