Дома Фудбал Англија Пеп руши рекорди, но предупредува: Во декември не се станува шампион!

Пеп руши рекорди, но предупредува: Во декември не се станува шампион!

Лидерот Манчестер Сити во моментов има осум бода предност пред Чези на табелата во Премиерлигата, но Гвардиола предупреди дека во декември никој не станал шампион.

„Граѓаните“ играат феноменално и Гвардиола стигна до 36-та победа во 44 натпревари во Премиерлигата што е рекорд за една година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сити во 2021 година освои 110 бодови, додека Челзи има освоено 27 бода помалку, а Ливерпул е трет со 33 бода помалку од „граѓаните“ за годинава.

Гвардиола постави уште еден рекорд, каков досега не е забележан во Премиерлигата, а тоа е што успеал по четврти пат да има славено на повеќе од 10 натпревари по ред во лигата.

„Имаме одлична година, освоивме титула, игравме финале во ЛШ и тоа се големи успеси. Сите овие победи значат дека сме конзистентни и дека не траеме за една ноќ. Меѓутоа, мора да останеме фокусирани, во декември никој не станал шампион“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клајверт потсети на својот славен татко: Погледнете ја магијата против Фулам (Видео)

Фудбалерите на Борнмут го отворија седмото коло на Премиер лигата со победа против Фулам о…