Рафаел Надал избори пласман во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг, откако во четвртфиналето, со 6:4 и 7:6 го победи Американецот Џон Изнер.
Првиот светски рекет, во првиот сет ја искористи првата брејк топка во деветтиот гем, а потоа следуваше сервис гем во кој го потврди брејкот и со кој го освои првиот сет.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Во вториот сет двајцата беа сигурни во своите сервис гемови, а Надал во вториот гем спаси две брејк топки. Во тајм брејкот Шпанецот ја покажа класата, освојувајќи ја тринаесетата игра без загубен поен.
Противник на Надал во полу-финалето ќе му биде Бугаринот Григор Димитров кој во три сета (7:6, 4:6, 6:2) го победи Роберто Баутиста-Агут.