Кошаркарот на Сан Антонио, Тони Паркер, во текот на вчерашниот ден беше успешно опериран по повредата заработена на вториот дуел од полуфиналето во плејофото против Хјустон.
Французинот ја скина тетивата на левата нога, а операцијата ја изврши докторот на Сан Антонио, Дејвид Шмит.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Лекарскиот тим не сакаше да прогнозира колку ќе трае закрепнувањето на Паркер.
Враќањето на теренот на плејмејкерот на Сан Антонио ќе биде дополнително одредено.