Дома Фудбал Парижаните незапирливи

Парижаните незапирливи

ПСЖ дојде до нова победа во рамките на 17. коло, а овојпат “жртва” беше Лил и тоа без бразилецот Нејмар.

Резултатот го отвори Ди Марија со погодок во 28 минута од натпреварот по асистенција на Мбапе, со кој резултат се замина и на одмор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во 49. минута Пасторе стрела за 2:0, a асистент беше одличниот Ди Марија. Лил со погодокот во 86. минута за кратко ги врати надежите за евентуален поволен резултат, но Мбапе со погодокот во судиското продолжение ја потврди победата на парижаните.

ПСЖ со 44 бодови се убедливо први на табелата, имаат 12 бодови повеќе од Лион, Монако и Марсеј, кои имаат по натпревар помалку. Лил се наоѓа на 17. место и само два бода од опасната зона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Некогаш беше најскап бек во светот, сега пронајде нов клуб

Бенџамин Менди (31) ќе потпише двегодишен договор со Погон Шчеќин, информираат полските ме…