
Ајакс официјално објави дека се разделува со својот тренер Џон Хејтинга по серијата од разочарувачки резултати. Отпуштањето доаѓа по синоќешниот тежок пораз на домашен терен со 0:3 од Галатасарај во Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Младиот тренер ја презеде функцијата од заминатиот италијанец Франческо Фариоли летово, но се задржа само неколку месеци на чело на тимот и постигна разочарувачки настапи. Во моментот има само една победа во последните 7 натпревари во сите натпреварувања.
Во Лигата на шампиони, Ајакс е на последното место од сите екипи без ниту една освоена точка и гол-разлика 1:14. Во Холандија амстердамскиот гранд запиша многу нерешени резултати, моментално е на 4-то место и се наоѓа на 8 бода од лидерите Феенорд и ПСВ Ајндховен.