Дома Фудбал Барселона во пол-позиција за Влаховиќ

Барселона во пол-позиција за Влаховиќ

Барселона покажува интерес за напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, пренесува „Газета дело Спорт“.

Неговиот договор со Јувентус истекува на крајот од сезоната, а каталонскиот гигант веќе бара заменик Роберт Левандовски.

Откако 25-годишниот фудбалер одби да го продолжи договорот со намалена плата, клубот од Торино го стави на трансфер листата ова лето, но не пристигнаа сериозни понуди за него и тој беше принуден да остане. 

Интерес за Влаховиќ покажуваат уште Баерн Минхен и Тотенхем, но Барселона е во пол-позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен потег на Гави: Донира 1,3 милиони евра за својот роден град

Фудбалерот на Барселона, Гави, направи голем хуманитарен потег и донираше 1,3 милиони евра…