Николо Заниоло денес го комплетираше трансферот во редовите на Галатасрај, а од овој трансфер ќе профитира и Интер.
Галатасарај за италијанскиот играч за врска ќе плати сума од 20 милиони евра и тоа ќе биде рекорден трансфер за клуб од Турција. Сепак треба да се знае дека иако Заниоло потпиша договор до 2027 година во неговиот договор ќе има клазула според која може да ја напушти Галатасарај ако некој клуб понуди 35 милиони евра
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму таа точка била клучна во преговорите. Меѓутоа од трансферот на Заниоло пари ќе заработат и „нероаѕурите“.
Имено на Интер од договорот со Рома му следуваат околу 15% од вкупната сума што значи дека во овој случај ќе добијат околу три милиони евра.