Дарко Панчев утрово онлајн гостуваше во утринската српска програма во која зборуваше за вчерашниот ден во кој Хрватска и Србија обезбедија директен пласман на СП, а Македонија обезбеди бараж.
Во краткото интервју Панчев посочи дека вчера бил ден за уживање за екс-ју фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Уживав вчера. Се започна со Хрватска која тешко, но заслужено ја победи Русија и обезбеди пласман. Потоа продолжи со Македонија која го направи најголемиот успех во историјата на едни квалификации, а шлагот на тортата беше Србија и победата во Лисабон“, зборува Панчев.
За добрата игра на Србија Панчев истакна дека најзаслужен е селекторот Пикси, а направи и детална анализа на репрезентацијата во Србија. Разговорот на Панчев можете да го погледнете – ТУКА.