Дома Фудбал Останато Панчев: Без пари од државата и Звезда и Партизан можеа да бидат во ситуација како Вардар

Панчев: Без пари од државата и Звезда и Партизан можеа да бидат во ситуација како Вардар

Легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев на денот кога изминуваат 30 години од оној легендарен пенал против Олмета и европската круна со Звезда имаше интервју за „Нова.рс“.

Сезонава Звезда четврти пат по ред стигна до титулата српски шампион и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите каде што и два пати учествуваше.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Звезда постигна навистина добри резултати, ги следам цело време. Ми се доапаѓа она што го направи тренерот Владан Милојевиќ. Звезда веќе фати континуитет, шампиони се неколку години, а не поминуваат толку лошо и во Европа“.

Тема беше и Вардар, Панчев смета дека клубови како Вардар треба да имаат помош од државата, затоа што и во Србија помош имаат Партизан и Звезда.

„Без парите од државата тешко дека и Партизан и Звезда ќе беа на едно такво ниво. Во Македонија таквите работи одат потешко, за пофалба е она што го прави српската влада, Вучиќ или без разлика кој и да е“, изјави Панчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…