Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува на крајот на сезоната.
Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 7 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двете страни беа блиску до договор бидејќи последната понуда на Интер беше 6 милиони евра, но сега на адреса на Хрватот пристигна многу побогата понуда.
Имено, Њукасл е силно заинтересиран за Брозовиќ и му нуди 4-годишен договор и плата од 10 милиони евра по сезона.
Сега останува да видиме дали Брозовиќ ќе се согласи да игра за клуб со помали амбиции или ќе прифати помала плата во Интер.