Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев пред Албанија: Не важно е кој ќе погоди, важна е победата!

Пандев пред Албанија: Не важно е кој ќе погоди, важна е победата!

Македонскиот капитен, Горан Пандев, кој во последниот натпревар против Израел го прекина постот од девет години без погодок за репрезентацијата, најавува победа против селекцијата на Алабанија.

Пандев како и вистински капитен на тимот во изјавата потенцираше дека, воопшто не важно кој ќе погоди, важна е само победата и добриот настап на тимот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Албанија е одлична репрезентација, но во првиот натпревар на гостински терен покажавме дека можеме да се надигруваме, загубивме со гол во финишот, тие се наш должник. Победата над Израел донесе одлична атмосфера, се радувам на погодокот, сепак најважен е резултатот на тимот. Струмица е мој роден град и сакам да го ја израдувам“, истакна Пандев.

Натпреварот помеѓу репрезнтациите на Македонија и Албанија се игра вечерва со почеток од 20:45 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…