Стратегот на Џенова Давиде Никола е под притисок поради резултатите на клубот и Џенова се уште не обезбедила опстанок оваа сезона.
Опстанокот нема да биде лесна задача за Џенова, пред овој тим се тешки натпревари. На последниот натпревар овој тим загуби од шампионот Јувентус, сепак тука и реално не очекуваа бодови, шансата за освојување на бодови ќе ја бараат во наредните натпреварите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Давиде Никола освен за резултатите зборуваше и за македонсиот фудбалер Горан Пандев.
„Горан е играч со исклучителен квалитет. За него не може да се каже ништо лошо, секогаш го дава максимумот од кога сум јас тука. Ние мораме да го чуваме Пандев да биде во најдобра форма, физичка пред се затоа што ни е потребен“, изјави тренерот на Џенова.