Македонскиот репрезентативец капитен, Горан Пандев попладнево испиша историја во италијанската Серија А, откако влезе во игра против Фросиноне.
Тоа за Горан Пандев беше точно 400-от настап во Серија А со тоа стана само шестиот странец со вакво остварување во фудбалска Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пандев минатата недела доби италијанско државјанство, а денеска се запише во историјата и да им се приклучи на Самир Хандановиќ, Марек Хамшик, Хозе Алтафини, Курт Хамрин и Хавиер Занети.
Македонскиот капитен речиси цела своја кариерата настапува во Италија, освои се што можеше да се освои во „Серија А“ преку настапите со Интер, Лацио, Наполи и Џенова каде сака да ја зврши кариерата.
Најмногу натпревари во италијанската Серија А, Пандев има одиграно за екипата на Лацио, односно 159, додека за Џенова досега одигра 82 меча.
Сепак, Македонецот не успеа со победа да го „зачини“ јубилејот, бидејќи Џенова одигра реми без голови против Фросиноне. Домаќините имаат за што да жалаат бидејќи играа со играч повеќе во второто полувреме и испуштија неколку зрели шанси.
На останатите натпревари во Серија А попладнево Удинезе ја победи Болоња со 2:1, додека Сампдорија славеше на гостувањето кај СПАЛ со 0:2.