Натпреварувачката во мото-светот во слободен стил, Кристина Витолкас имаше инцидент по кој го скрши рбетот и докторите сметаа дека никогаш повеќе нема да се движи.
Прогнозите на докторите беа навистина црни, но Витолкас не се разочара и на крајот нејзината желба да се врати на моторот победи, и тоа по 11 недели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Беше одлично да се слушне звукот на мотор и да се почуствува воздухот на лицето и косата, адреналинот е неверојатен. И многу побрзо од мојата количка. Постојано ги прашував докторите за пациентите кои најбрзо оздравеле и заклучив дека сум ги победила“, вели натпреварувачката.