Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Бреша постигнале комплетен договор за трансфер на Сандро Тонали на „Џузепе Меаца“.
Тонали важи за еден од најголемите италијански таленти и готово сите големи клубови на Апенините го сакаа во своите редови, но Интер ја доби битката за неговиот потпис.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Интер и Бреша постигнале договор за трансфер вреден 35 милиони евра. Тонали ќе пристигне на едногодишна позајмица за 5 милиони евра, но Интер се обврзува следното лето да го откупи за 30 милиони евра.
Тонали веќе има договор со „нероаѕурите“ и ќе потпише договор до 2024 година според кој ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона.
20-годишниот Тонали одигра одлична сезона и во Италија веќе го нарекуваат „новиот Пирло“.