Атлетико Мадрид го реши прашањето на десната бековска позиција во последниот ден од преодниот рок.
Повеќе извори од Шпанија и Англија потврдуваат дека Мет Доерти од Тотенхем се сели во Атлетико.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот се потврдува и со заминувањето на бразилскиот ветеран Фелипе во Нотингем Форест, „јорганџиите“ мораа да се ослободат од неговата плата да за регистрираат нов играч.
Треба да се спомене дека Жонатан Клаус од Марсеј беше прва мета на Атлетико, меѓутоа францускиот клуб не ја прифати понудата за позајмица со право на откуп за девет милиони евра.
Исто така трансферот на Мет Доерти е најава дека Тотенхем ќе го заврши трансферот на Педро Поро од Спортинг Лисабон.