Дома Трансфер зона Падна договор: Алекс Сандро останува верен на Јувентус!

Падна договор: Алекс Сандро останува верен на Јувентус!

Иако веќе подолго време се шпекулираше дека Алекс Сандро на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус, сепак двете страни постигнаа договор за продолжување на соработката.

Имено, италијанските медиуми потврдија дека Бразилецот во наредните денови ќе стави потпис на нов 5-годишен договор. Двете страни постигнале договор и се очекува само официјализација на истиот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со новиот договор Алекс Сандро ќе добие значително зголемување на платата и годишно ќе добива 4 милиони евра плус бонуси.

Со ова ќе се стави крај на шпекулациите за негов трансфер, бидејќи Бразилецот беше мета на Челзи, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…