Дома Трансфер зона Очекуван потег на Спалети: Го враќа дефанзивецот кој одигра само едно полувреме

Очекуван потег на Спалети: Го враќа дефанзивецот кој одигра само едно полувреме

Лисандро Лопез фудбалерот кој во Интер пристигна на позајмица од Бенфика до крајот на сезоната ќе биде вратен во португалскиот клуб.

Значи, од наредната сезона овој фудбалер повторно ќе ги брани боите на Бенфика.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Интер имаше можност да го откупи неговиот договор за сума од девет милиони евра, но Спалети го означил како непотребен.

Ваквиот потег на италијанскиот стратег е и очекуван со оглед на тоа што оваа сезона Лопез за Интер одигра само едно полувреме против Болоња.

Иначе, причината за ваквата одлука е и тоа што Интер го обезбеди потписот на дефанзивецот од Лацио, Стефан Де Фрај кој пристигнува како слободен фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…