Во последниот ден од преодниот рок во ПСЖ се посветени на играчите на кои не сметаат, па така си замина и Јулијан Дракслер.




Гермнецот во овој последен ден од преодниот рок се пресели во Португалија, во тимот на Бенфика каде што ќе игра како позајмен фудбалер. Дракслер го напушта „Паркот на Принцовите“ после пет години.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Некогаш големиот талент на германскиот фудбал во главниот град на Франција пристигна како големо засилување, но никогаш не ги оправда очекувањата во целост.




Одигра Дракслер скоро 200 натпревари во дресот на ПСЖ, меѓутоа во последните години неговата минутажа забележа драстичен пад.
✍️ Bem-vindo, Draxler!
— SL Benfica (@SLBenfica) September 1, 2022
🇩🇪 🦅 Welcome!#EuAmoOBenfica || #Draxler pic.twitter.com/Y2ag4QBRCb