Jувентус продолжува со купувањето ова лето.
„Старата дама“ во слободни трансфери ги доведе Арон Рамзи и Адриен Рабио, додека во овие моменти работи на трансферот на Де Лихт од Ајакс кој би требало да изнесува околу 70 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај тие трансфери Јувентус работи и на некои „помали“, а едно од нив е Мерих Демирал.
Мерих изминатиот дел од сезоната го помина во Сасуоло. Интересно, Мерих во Сасуоло пристигна откако Анталиспор го откупи од Спортинг и веднаш го испрати на позајмица во Серија А.
Овој 21 годишен стопер од доаѓањето во Италија одигра 13 првенствени натпревари во дресот на Сасуоло, а против Киево постигна и два гола.
За потписот на Демирал Јувентус плати околу 18 милиони евра и таа сума Јувентус ќе ја отплати во четири рати.
UFFICIALE | Merih Demiral è bianconero! ⚪️⚫️ https://t.co/yOHn7Qr7Zr#WelcomeMerih #LiveAhead pic.twitter.com/LOSTkHrUk8
— JuventusFC (@juventusfc) July 5, 2019