Шалке денес го официјализираше трансферот на досегашниот фудбалер од Манчестер Сити, Раби Матондо.
Германскиот и англискиот клуб очигледно добро соработуваа во последните години, па сега дојде ред Шалке да купи еден играч на „граѓаните“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матондо е 18 годишен фудбалер кој никогаш не дебитираше за првиот тим на Сити, но се работи за голем талент кој е платен 11.3 милиони фунти.
Шалке трансферот го потврди на својот официјален Твитер профил, а Матондо потпиша договор на четири ипол години.
Иако има само 18 години, дебитираше за репрезентацијата на Велс и тоа во ноември минатата година против натпреварот против Албанија.
?⚪ #WelcomeRabbi ?⚪#S04 @rabbi_matondo #S04 pic.twitter.com/3Dnt9k3JCY
— FC Schalke 04 (@s04) January 30, 2019