Сагата околку трансферот на Диего Коста конечно доби епилог. Челзи денес потврди дека постигнал договор со Атлетико Мадрид за трансфер на контроверзниот напаѓач.
Диего Коста беше надвор од тимот на Челзи од почетокот на летото, но ги одби сите понуди бидејќи сакаше да се врати во Атлетико Мадрид.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Јорганџиите“ не можеа да најдат заеднички јазик со Челзи, но и не се брза бидејќи немаат право да регистрираат нови фудбалери до јануари поради казната на ФИФА.
Денес конечно двете страни постигнаа договор, па Атлетико на Челзи ќе му плати 55 милиони евра, а напаѓачот од јануари ќе може да настапува за тимот на Симеоне.
Диего Коста утре ќе пристигне во Мадрид и ќе тренира со тимот се до почетокот на зимскиот преоден рок, а право на настап ќе има на почетокот на следната година.
Chelsea Football Club has today agreed terms with Atletico Madrid for the transfer of Diego Costa… https://t.co/TpJBp3W2Lf pic.twitter.com/5o6OM10inP
— Chelsea FC (@ChelseaFC) September 21, 2017