Дома Актуелно Официјално: Уште еден важен потпис во Јувентус

Официјално: Уште еден важен потпис во Јувентус

Колумбискиот репрезентативец Хуан Квадрадо денес стави потпис на нов договор и се обврза на верност со Јувентус до 2022 година.

Договорот на Квадрадо истекуваше на крајот на сезоната, а со оглед на фактот дека е важен играч кај Маурицио Сари, „старата дама“ му понуди продолжување на соработката.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Квадрадо пристигна во Јувентус во 2015 година од Челзи и беше многу важен играч во тимот на Алегри, а исто така и кај Сари бидејќи е поливалентен и може да игра на повеќе позиции.

Оваа сезона, 31-годишниот играч има одиграно 14 натпревари во сите натпреварувања, постигна еден гол и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Mиовски конечно блесна во Ренџерс, погоди за водство! (Видео)

Maкедонскиот репрезентативец, Бојан Миоввски вечерваа по критиките во изминатиот период го…