Дома Фудбал Англија Официјално: Судот донесе одлука, Сити ќе игра во Лигата на шампиони!

Официјално: Судот донесе одлука, Сити ќе игра во Лигата на шампиони!

Арбитражниот спортски суд (КАС) во Лозана денес ја објави одлуката на жалбата на Манчестер Сити против двегодишната забрана за учество во европски натпреварувања.

Судот донесе одлука да се укине двегодишната суспензија на англискиот клуб, па Манчестер Сити следната сезона ќе настапува во Лигата на шампиони.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Европската фудбалска централа (УЕФА) го суспендираше Манчестер Сити во февруари, поради сериозно кршење на правилата за финансиски фер-плеј помеѓу 2012 и 2016 година, но и затоа што Сити не соработуваше со истражните органи.

„Граѓаните“ ја обжалија казната во КАС, кој денес донесе одлука да ја укине суспензијата и клубот да биде само финансиски казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вакво нешто не се памети: Неверојатна грешка на докторите – кариерата на Мбапе висела на „конец“

Незаборавен скандал го потресе Мадрид. Кариерата на Килијан Мбапе можеше да заврши во миг …