Полсе осум и пол години поминати во Борусија Дортмуд, српскиот репрезентативец Невен Суботиќ се пресели во редовите на Келн каде ќе настпува до крајот на сезоната.
Вчера „Билд“ извести дека двата клуба веќе ги договориле сите детали, а денес Суботиќ ги помина медицинските прегледи и го задолжи дресот со број 2.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Суботиќ воопшто не добиваше шанса во тимот на „милионерите“ после враќањето од тешката повреда, па бидејќи имаше потреба да игра Дортмунд се согласи да го пушти на шестмесечна позајмица во Келн.
„Доаѓам полн со елан и спремен да нови искуства. И благодарам на Борусија на се што ми даде до сега но сега целосно ќе се фокусирам на Келн. Се радувам на фактот што ќе можам повторно редовно да играм во Бундеслигата“, изјави Суботиќ.
Суботиќ има договор со тимот од Дортмунд до јуни 2018 година, па „милионерите“ се надеваат дека во Келн ќе може да ја врати формата за да можат да заработат од неговата продажба следното лето.