Дома Фудбал Англија ОФИЦИЈАЛНО: Сари е новиот предводник на Челзи (ВИДЕО)

ОФИЦИЈАЛНО: Сари е новиот предводник на Челзи (ВИДЕО)

Антонио Конте и официјално го доби својот наследник.

Долго траеше сагата околку неговиот ангажман, а сега конечно пристигна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Маурисио Сари е новиот тренер на Челзи, обелоденија и на официјалниот сајт на клубот.

Управата на лондонскиот клуб оддамна покажа интерес за 59-годишниот Италијанец и покрај фактот дека на клупата го имаат Конте.

Наполи правеше проблеми, Де Лаурентис не сакаше да ја раскине соработката со Сари, иако го ангажираше Анчелоти, од друга страна, Челзи не сакаше да му исплати 11 милиони евра на Конте на име на последниот договор односно последната година од истиот.

На крајот беше пронајдено решение, Челзи го откупи Жоржињо од Наполи, во пакет пристигна и Сари, Конте доби отказ пораади СМС кој своевремено ја испратил до Диего Коста, „Плавите“ не сакаат да ја исплатат споменатата сума, веруваат дека со таа порака ќе добијат на суд, доколку Италијанецот ги тужи.

Како и да е, сето тоа е сега минато, со оглед на тоа дека Сари потпиша тригодишен договор со „Плавите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…