Mиралем Пјаниќ и официјално вчера вечер стана нов играч на Бешикташ.
Нешто пред полноќ турскиот клуб го потврди трансферот. Во Бешикташ Пјаниќ пристигнува на едногодишна позајмица. На Барселона за тој период ќе и платат 2.7 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двата клуба се договорија во период од само неколку часа, а Пјаниќ лекарските прегледи ги заврши во друштво на поранешниот фудбалер на Бешикташ, Душко Тошиќ после што се упати на потпис на договорот.
Во кариерата Пјаниќ до сега играше за Мец, Лион, Рома, Јувентус и Барселона каде што баш и не се изнаигра.
Беше блиску до враќање во Јувентус во преодниот рок, меѓутоа двете страни не се договорија, па сега заврши во Бешикташ.