Дома Трансфер зона Официјално: ПСЖ донесе замена за Буфон!

Официјално: ПСЖ донесе замена за Буфон!

Пари Сент Жермен го потврди третото засилување за новата сезона, а станува збор за голманот, Марчин Булка.

Булка доаѓа од Челзи, каде бранеше за младинскиот тим, а во Париз треба да биде замена за Џиџи Буфон, кој се врати во Јувентус.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Булка потпиша двегодишен договор со ПСЖ, па останува да видиме дали ќе има шанса да се избори за место меѓу стативите покрај Ареола.

„Светците“ се уште не се откажуваат од намерата да го донесат Донарума, кој доколку пристигне ќе биде замена за Ареола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…