Дома Фудбал Англија Официјално: Премиер лигата ќе има 5 измени

Официјално: Премиер лигата ќе има 5 измени

Клубовите од Премиер лигата дадоа согласност од следната сезона секој тим да има право на пет измени во еден натпревар.

Премиер лигата дозволи пет измени во мај 2020 година, откако сезоната продолжи после паузата поради пандемијата. После тоа во Англија се откажаа од таа можност и покрај фактот што УЕФА и дозволи на Федерацијата да останат 5-те измени.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во Англија, правилото за пет смени беше суспендирано бидејќи помалите клубови протестираа со образложение дека им дава предност на побогатите тимови поради нивните подолги клупи.

Клубовите денеска го одобрија и времетраењето на летниот преоден рок кој годинава ќе се отвори на 10 јуни, а ќе се затвори на 1 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Халанд ја купи најскапата книга во историјата на Норвешка за која плати 115.000 евра!

Ерлинг Халанд, фудбалскиот ас на Манчестер Сити, стана сопственик на најскапата норвешка к…