Бразилецот потпиша договор до 2022 година.
Алесандре Пато се врати дома!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот напаѓач Алесандро Пато вчеравечер потпиша договор до крајот на 2022 година со гигантот од неговата татковина Сао Паоло и така завршија шпекулациите за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата.
Некогаш еден од најголемите таленти во светот во Сао Паоло пристигнува како слободен играч откако претходно го раскина договорот со кинескиот Тијанџин во кој помина две години. За Пато се интересираа голем број бразилски клубови. Го сакаа Палмеирас, Сантос, Атлетико Минеиро…Се споменуваше дури и враќање во Милан, но Пато избра втор мандат во Сао Паоло.
Претходнот дресот на Саоло Паоло го носеше во период од февруари 2014 година до декември 2015 како позајмен играч од Коринтијас. За две години во дресот на овој клуб постигна 26 голови на 59 натпревари. Потоа се врати во Европа каде што го носеше дресот на Челзи и Виљареал, пред да замине во Кина за огромна сума.
Пато израсна во Интернационал од Порто Алегре од каде што со епитетот на чудо од дете премина во Милан за кој настапуваше пет ипол години. Бразилецот имаше блескави моменти во дресот на гигантот од „Сан Сиро“, но константните повреди го спречија да остави длабока трага во таборот на „росонерите“. За Милан постигна 63 гола на 150 натпревари.