Некогаш големата колумбиска ѕвезда, Хамес Родригез е во потрага по нов клуб бидејќи го напушта бразилскиот Сао Паоло.
Како главна причина за раскинувањето на договорот се наведува одалеченоста на Колумбиецот од семејството. Неговиот договор има важност до 2025 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хамес не одиграл официјален натпревар повеќе од два месеци, а последен пат на теренот беше на 26-ти ноември во ремито без голови против Кјуба. Оваа година учествуваше во предзезоната без повик за натпреварите во првенството или Суперкупот на Бразил.
По натпреварот на Сао Паоло Агуа Санта во средата во Моруби каде што Хамес исто така не се појави. Медиумите во Сао Паоло веќе пренесуваа за раскинувањето на договорот.
Колумбиецот наводно веќе има планови и сака да се пресели во МЛ лигата. Најконкретна опција е Реал Солт Лејк од МЛС бидејќи овој тим го води Аргентинецот, Пабло Мастроени и во тимот веќе има четири колумбиски играчи.
Ќе потсетиме, Хамес беше вистинска сензација по Мундијалот во 2014 година и тоа лето се пресели од Монако во Реал Мадрид, меѓутоа подоцна следуваше пад во кариерата, а играше уште за Баерн, Евертон, Ал Рајан и Олимпијакос.