Taлентираниот 21-годишен фудбалер Кол Палмер од Манчестер Сити премина во Челзи за сума од 50 милиони фунти.
Финансиските детали од договорот не се објавени, но англиските медиуми објавија дека Челзи платил 50 милиони фунти, додека дополнителни 2.5 милиони можат да бидат исплатени преку бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Палмер во Манчестер Сити беше соочен со голема конкуренција на својата позиција, но по заминувањето на Марез доби прилика на почетокот на оваа сезона. Беше стрелец и против Арсенал во Комјунити Шилд.
„Дојдов во Челзи затоа што ми се допаѓа овој проект и затоа што се надевам дека ќе добијам прилика за покажување на својот талент. Ова е млада и гладна екипа и се надевам дека ќе направиме нешто посебно“, изјави младиот англиски репрезентативец.