Дома Фудбал Лига на шампиони Официјално: Одложен мечот Манчестер Сити – Реал Мадрид

Официјално: Одложен мечот Манчестер Сити – Реал Мадрид

Додека се чека конечната одлука за иднината на европските натпреварувања и Европското првенство, УЕФА денес потврди дека е одложен мечот помеѓу Сити и Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

„Кралскиот“ клуб од денес е во 14-дневен карантин, па беше јасно дека нема да може да го одигра мечот со Манчестер Сити, кој беше закажан за 17-ти март.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради тоа денес УЕФА потврди дека реванш осминафиналниот дуел од Лигата на шампиони кој требаше да се игра на „Етихад“ е одложен.

Во меѓувреме од Европската фудбалска централа потврдија дека во вторник, 17-ти март, ќе се одржи итен состанок преку видео-конференција и ќе биде донесена конечна одлука за Лигата на шампиони, Лига Европа како и за Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тренерот на Барселона брутално го „понижи“ Реал и ги потсети на најголемиот срам

Пред полуфиналната пресметка во Купот на кралот против Атлетико Мадрид, тренерот на Барсел…