Белгискиот репрезентативец Муса Дембеле кариерата ќе ја продолжи во Кина каде ќе го носи дресот на Гуангжу.
Британските медиуми шпекулираат дека „спарси“ добиле 11 милиони фунти за правата на 31-годишниот Белгиец, чиј договор истекуваше на крајот на оваа сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дембеле успешно ги помина лекарските прегледи, па денес беше претставен во дресот на новиот клуб, каде што тренер е Србинот Драган Стојковиќ Пикси.
Дембеле се пресели во Тотенхем со трансфер од Фулам во 2012 и одигра 250 натпревари.
?Deal Done : Moussa Dembélé has been officially unveiled to the fans of Guangzhou R&F after completing an £11m move from Spurs. (Source: @HLNinEngeland) pic.twitter.com/455Gl7yV3j
— Pitchside (@Pitchside_Sport) January 17, 2019