Мик Шумахер, синот на легендарниот шампион Михаел Шумахер од наредната сезона ќе вози во Формула 1.
После одличните настапи во Ф2 шампионатот каде што е лидер, Мик се договори за соработка со екипата на Хас и ќе го вози овој болид во наредната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Големо задоволство ми е да потврдам дека Мик Шумахер ќе биде еден од нашите возачи во наредната сезона. Се радувам што ќе го имаме во тимот“, изјави директорот на Хас, Гуентер Стејнер.
Мик секако е пресреќен што ќе вози во Ф1.
„Не знам што да кажам. Благодарен сум на Хас и Ферари што веруваа во мене, исто така им благодарам на моите родители, на нив им должам се. Секогаш верував дека сонот ќе ми се оствари. Ќе дадам се од себе за Хас во Ф1“, порача Мик.
BREAKING: Mick Schumacher to race in F1 in 2021!
— Formula 1 (@F1) December 2, 2020
The 21-year-old signs with @HaasF1Team #F1 #RoadToF1 pic.twitter.com/KfBCB8zK1T