Maнчестер Јунајтед го потврди засилувањето од 55 милиони евра!
Како и што беше најавен претходно нов фудбалер на Манчестер Јунајтед Арон Ван-Бисака.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 21 годишен дефанзивец на „Олд Трафорд“ пристигнува од редовите на Кристал Палас за сума од 55 милиони евра, а Палас ќе добие и 10% од сумата од наредниот трансфер на Бисака.
Позицијата на Бисака е десен бек, имаше одлична сезона во Палас и поради тоа бројни клубови покажаа интерес за неговите услуги. Манчестер Јунајтед на крајот беше најупорен во намерата и го доведе во своите редови.
Долго време преговараа со клубот од Лондон, но на крајот се постигна договор.
Дефанзивецот во Јунајтед ќе добива плата од 80.000 евра неделно.
Тој е второто засилување за Солскјер во овој преоден рок после Даниел Џејмс кој од Свонси пристигна за 20 милиони евра.
It's official — @AWBissaka is a Red ? #MUFC
— Manchester United (@ManUtd) June 29, 2019