Maкедонскиот фудбалер Бесар Гуџуфи од оваа сезона и официјално ќе има право да игра за турскиот гигант Бешикташ во турското првенство и еврокуповите.
Гуџуфи поради правилата затоа што уште немаше наполнето 18 години не можеше да потпише професионален договор со екипата, слично како што и Елмас беше со Фенербахче, така и Гуџуфи одреден период играше за У-19 тимот на Бешикташ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бешикташ вака покажа дека сериозно смета на македонскиот фудбалски талент и следната сезона ќе биде со првиот тим. Професионалниот договор кој го потпиша со турскиот гигант има важност до 2027 година.
Турската Суперлига сезонава ќе биде посебно интересна за македонската јавноста со оглед на тоа дека претходно трансфери таму направија, Езгјан Алиоски (Фенербахче) и Енис Барди (Трабзонспор).