Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Официјално: Македонија на Европско пред публика

Официјално: Македонија на Европско пред публика

Европската куќа на фудбалот и официјално донесе одлука, мечевите од Европското првенство 2020, да се играат со присуство на публика.

Според распоредот, Македонија два меча ќе ги игра во Букурешт, а еден дуел ќе го игра во Амстердам.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Европското првенство ќе се одржи во 12 градови, а осум од нив веќе ја доставија целата потребна документација до седиштето на УЕФА. Меѓу нив се и стадионите во Амстердам и Букурешт.

УЕФА потврди дека секој домаќин ќе може самиот да оцени со колкав капацитет ќе може да бидат отворени трибините на стадионите.

Романија планира да пречека 13.000 гледачи на арената „Национал“ во Букурешт, а целиот капацитет е 54.000 места.

На арената „Јохан Кројф“ во Амстердам, каде што Македонија на 21 јуни треба да игра со Холандија, ќе можат да присуствуваат најмалку 12.000 гледачи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Перес му дал последна шанса на Чаби Алонсо, веќе има можности за замена

Ноќта на недела спроти понеделник се покажа долга на „Бернабеу“. По поразот од Селта, што …