Дома Трансфер зона Официјално: Лихштајнер е играч на Арсенал

Официјално: Лихштајнер е играч на Арсенал

Тоа што се најавуваше изминатите денови, денес доби официјална потврда – Стефан Лихштајнер е нов играч на Арсенал.

Швајцарскиот репрезентативец после седум години го напушти Јувентус и како слободен играч се пресели на „Емирати“.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Лихштајнер ќе биде прво засилување во ерата на Унаи Емери, откако денес потпиша едногодишен договор со опција на уште една сезона.

34-годишниот десен бек сигурно ќе го донесе потребното искуство во одбраната на „топџиите“, а за место во тимот ќе е бори со Хектор Белерин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…