Тоа што се најавуваше изминатите денови, денес доби официјална потврда – Филипе Кутињо е играч на Баерн Минхен.
Барселона денес го потврди трансферот на Кутињо, кој во Минхен се сели на едногодишна позајмица со право на откуп.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Баерн на Барселона за едногодишна позајмица ќе и плати 8.5 милиони евра, а ќе ги превземе и трошоците за платата на Кутињо, околу 12 милиони евра.
Ако после позајмицата сакаат да го откупат Бразилецот ќе треба да платат 120 милиони евра.
