Новиот тренер на Барселона Роналд Куман одлучи да го остави бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо во екипата за новата сезона.
Иако Барселона имаше намера да го продаде Бразилецот за сума од 120 милиони евра во овој момент тоа е преголема сума за било кој клуб, а бидејќи не сакаа да го испраќаат на нова позајмица тој остана во клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Така Кутињо ќе биде дел од екипата за наредната сезона и поради тоа Барселона ќе мора да му испалти пет милиони евра на Ливерпул.
Причината се бонусите вклучени во трансферот на бразилскиот фудбалер, па Барса ќе ја исплати оваа сума ако Кутињо одигра 15 натпревари. Нема дилеми дека кога останува тоа ќе се случи, со оглед на тоа дека сезоната ќе биде долга и напорно.
Кутињо вкупно за Барселона одигра 76 натпревари и постигна 21 гол.