Пет натпревари од италијанската Серија А, вклучително и големото дерби помеѓу Јувентус и Интер се одложени поради коронавирусот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првично Лигата одличи овие пет меча да се играат без публика, но денес официјално беше одлучено истите да бидат одложени.
Клубовите не сакаа да ги изгубат приходите од вакви големи натпревари, особено Јувентус кој од продажбата на билети од средбата со Интер би заработил 5 милиони евра.
Другите одложени средби се Удинезе – Фиорентина, Милан – Џенова, Парма – СПАЛ и Сасуоло – Бреша.
Сите одложени натпревари ќе се играат на 13-ти мај!