Она што се најавуваше вечерва доби официјална потврда.
Сите натпревари во Серија А во наредниот месец ќе се играат пред празни трибини. Владата ов Италија, фудбалскиот сојуз и Серија А се сложија дека поради епидемијата од коронавирусот најдобро решение да се игра без навивачи.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во последните две недели беа одложени осум натпревари во Серија А, а меѓу нив беше и дербито помеѓу Јувентус и Интер.
Во Италија до сега се потврдени 2.502 случаи на коронавирусот. Најмногу се загрозени регионите Ломбардија, Пјемонт и Венето. Од денес во Италија се затворени сите школи и универзитети до средината на месецот.
Бидејќи повеќе немаше време за одложување, затварањето на вратите за навивачите изгледаше како логичен и очекуван потег.