Дома Фудбал Италија Официјално: Видал е нов играч на Интер!

Официјално: Видал е нов играч на Интер!

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал и официјално ја напушти Барселона и потпиша за Интер.

Видал во неделата пристигна во Милано каде што успешно ги помина лекарските прегледи. Клубот од „Меаца“ денес објави дека овој трансфер е официјално завршен и дека Видал е нивни играч.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Така Чилеанецот под две сезони ја напушти Барселона и се врати во Серија А каде што претходно го носеше дресот на Јувентус.

Барселона од овој трансфер ќе заработи само еден милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Цел фудбалски свет зборува за прославата на голот на Мбапе против Дортмунд (Видео)

Килијан Мбапе конечно се врати на теренот и синоќа постигна гол во победата на Реал Мадрид…